( ... артикли )
Алатки
Регистрација Најава

Zonels pcMarket - Онлајн IT продавница

Ти со овде: Почетна » Најчести прашања
Петок, 20 Сеп 2024

Најчесто поставувани прашања

Write e-mail Print PDF

Како се одвива наплаќањето на производите и колку е безбеден процесот?

Секоја платежна трансакција на pcmarket.zonels.mk се одвива преку сигурносниот систем на НЛБ Тутунска Банка и нивната безбедносна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од FirstData, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

 

Каде се чуваат моите лични/финансиски податоци?

Со сите финансиски податоци (број на картичка, дата на истекување и сл.) во допир доаѓа единствено нашиот доверлив партнер НЛБ Тутунска Банка. Единствени податоци кои нам ни се потребни и кои ние ги чуваме, се личните податоци (име, адреса, бр. на телефон) со цел за подобра и поуспешна испорака на нарачаните производи.

 

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате или на некои од телефоните +389(0)45221482; +389(0)70223904 или преку e-mail на: CLOAKING . Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

 

Имам предлог/критика која се однесува на веб страницата, каде да ја испратам?

Pcmarket.mk е секогаш отворен за нови предлози или забелешки кои би придонеле да се подобрат и унапредат услугите кои ги нудиме, како и начинот на кој се користи оваа е-продавница со цел да се зголеми задоволството кај купувачите. Затоа, вашите идеи, предлози или критики можете да ги испратите на CLOAKING или на следниот ЛИНК