( ... артикли )
Алатки
Регистрација Најава

Zonels pcMarket - Онлајн IT продавница

Ти со овде: Почетна » Правила на користење
Петок, 20 Сеп 2024

Правила и услови за продажба

Write e-mail Print PDF

Цените на сите производи од pcmarket.zonels.mk се во денари и вклучен ДДВ.
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.


Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 1500 ден. Во спротивно се наплаќа 95 ден. за испорака во Скопје, и 145 ден. за населени места надвор од Скопје.


Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка. Pcmarket ви овозможува и купување со наплата при достава но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора и купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски.


Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш за брзо да се исправи направената грешка.


Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

 

Правила на испорака

Правилата на испорака на pcmarket.zonels.mk појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.

Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.

Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Овие правила на испорака стапуваат на сила од Мај 2010 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa pcmarket.zonels.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

 

Политика на приватност

Политиката на приватност на pcmarket.zonels.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за pcmarket.zonels.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
pcmarket.zonels.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска Банка.
Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и pcmarket.zonels.mk нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.
pcmarket.zonels.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Оваа политика на приватност стапува на сила од Мај 2010 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa pcmarket.zonels.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.